Дома Фудбал Лига на шампиони Ришарлисон се налути: Ова е сра*е, не знам зошто Конте повторно ме остави резерва

Ришарлисон се налути: Ова е сра*е, не знам зошто Конте повторно ме остави резерва

По елиминацијата од Лигата на шампионите, Бразилецот од редовите на Тотенхем, Ришарлисон не криеше дека е незадоволен од третманот кој го има кај Антонио Конте.

Тотенхем одигра само 0:0 во реваншот и тоа не беше доволно за четвртфинале затоа што во првиот натпревар „росонерите“ славеа со 1:0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ришарлисон кај Конте често е резерва, па така беше и во вчерашниот натпревар.

„Оваа сезона е сра*е да бидам искрен! Сакам повеќе да играм. Не разбирам зошто не играм, бев во позитивен момент и повторно Конте ме остави на клупа. Пред натпреварот ме тестираше за во првите 11 за потоа повторно да бидам на клупа“, изјави Бразилецот.

Многу веројатно е дека по ваквата изјава, Ришарлисон и уште помалку ќе добива минутажа кај италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…