Дома Македонски спорт Мак фудбал Ристовски: Работнички е едно големо семејство, шефот Влахо ќе одлучи дали ќе играм

Ристовски: Работнички е едно големо семејство, шефот Влахо ќе одлучи дали ќе играм

Работнички со успех го стартуваше пролетниот дел од првенството победувајќи минимално на гости против Академија Пандев со 0-1. На тој натпревар поради жолти картони не настапи Марјан Ристовски, едно од новите имиња кои пристигнаа во зимскиот преоден рок од кого се очекува да биде големо освежување за тимот.

Во пресрет на саботниот натпревар со Силекс на Националната арена „Тодор Проески“, тој е подготвен за официјално првенствено деби во дресот на Работнички. Вели дека веќе се чувствува како староседелец, затоа што атмосферата во тимот е семејна, а Работнички силата ја црпи од заедништвото.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Се чувствувам како ‘сто години’ да сум дел од клубот. Работнички е едно големо семејство и тоа не е фраза. Кога човек ќе пристигне во ова големо семејство, веднаш ја чувствува топлината на заедништвото. Верувам дека тоа ќе ни носи успеси во пролетниот дел од првенството“, вели Ристовски.

Подготвен е за деби во второто пролетно коло.

„Го пропуштив мечот против Академија Пандев поради жолти картони. Затоа сега едвај чекам да дебитирам. Подготвен сум максимално, а шефот Александар Влахо ќе одлучи дали ќе добијам минутажа. Најважно е Работнички да продолжи победнички и по успехот во Струмица да надоврземе и триумф против Силекс. Секако, респект за гостите, тие се квалитетен тим. Сепак, ние ги посакуваме трите бода“, најавува Марјан Ристовски.

Главен судија на саботниот натпревар (14 часот) ќе биде Александар Грујоски од Кичево.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…