Риека и Динамо одиграа 2:2 во лудото дерби од 15. коло на СуперСпорт ХНЛ.
Динамо поведе во 41. минута со голот на Дариј Шпикиќ, но Риека се врати преку Линдон Селахи во 53. минута.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Динамо повторно поведе во 83. минута со голот на Дино Периќ, а бод за Риека на две минути пред крајот постигна Матеј Митровиќ.
На полувреме резултатот беше 1:0 за Динамо. Некои од случувањата во првото полувреме беа особено тешки за Стефан Ристовски, исто така поранешен играч на Риека, па на полувремето во солзи отиде во соблекувалната.
Ова во преносот го кажа Андрија Цмречњак, коментатор на Макс спорт, кој истакна дека Ристовски го тешеле соиграчите.
Засега не се знае за што точно се работи, дали бил силно удрен од нешто што било фрлено или извикувано од трибините или пак се работи за повреда која предизвикала толкава болка што не можел да издржи, коментираат Хрватите.