Најтешкиот пораз во историјата го доживеа Динамо против Баерн во првото коло од Лигата на шампионите.
Загубија со 9:2, што е првпат една екипа да постигне девет гола во најсилното натпреварување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Стефан Ристовски беше особено разочаран по дебаклот. Тој е еден од најомилените играчи меѓу навивачите на Динамо не само поради неговите играчки квалитети, туку и поради неговата борбеност и искреност. Еве што изјави по натпреварот.
„Најпрво би сакал да им се извинам на сите навивачи на Динамо, се надевам дека ќе ни простат и ќе бидат со нас. Не е лесно да се биде пред новинарите и да се коментира по овој пораз. Мора да бидеме свесни дека правиме не само што го претставуваме Динамо, туку и хрватскиот фудбал. Динамо е клуб го богата историја. Сега е најлесно да се впери прстот кон некого и да се каже дека тој е виновен. Само заедно можеме да излеземе од оваа ситуација.
Што и да кажам сега е премногу и премалку. Кога губиш и примаш девет голови… Ние сме искусни и долго време играме заедно, ова е недозволиво. Динамо со години го гради својот имиџ и тоа е неприфатливо за сите нас. Имам само едно барање, да останеме заедно и само така можеме да одиме напред, изјави Ристовски.