Дома Македонски спорт Мак фудбал Ристовски: Голема чест е да се биде капитен на репрезентацијата!

Ристовски: Голема чест е да се биде капитен на репрезентацијата!

Стефан Ристовски ја наследи капитенската лента во македонската фудбалска репрезентација од Горан Пандев.

Ристовски не го криеше задоволството и се заблагодари за довербата, но истакна дека сите треба да бидат пример како се носи репрезентативниот дрес.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Сакам да се заблагодарам јавно на капитенот Пандев и треба да ни биде пример како да се продолжи репрезентативниот пат. Се надевам дека ќе го испратиме на вистински начин. Голема чест за мене е што сум капитен на оваа рпрезентација и благодарност до селекторот што ми ја даде довербата. Но, јас ќе кажам дека сите треба да бидеме пример како се носи дресот и да даваме максимум за својата држава“.

„Немаме многу време за размислување, кратко време за подготовки, три натпревари, имаме промени во составот, но доволно сме професионалци да продолжиме каде што застанавме. На теренот нема поделба на стари и млади. Сите треба да одговориме на предизвикот. Без ралика на промените доаѓаме од ЕП и мислам дека треба да гледаме позитивно и тоа да ни биде поттик за уште подобри резултати“, истакна Ристовски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…