Дома Фудбал Рикелме: Тони Крос е нешто најблиску до Роџер Федерер што сум го видел

Рикелме: Тони Крос е нешто најблиску до Роџер Федерер што сум го видел

Германскиот фудбалер Тони Крос ненадејно реши да ја заврши кариерата на 35 години. Одличниот германски играч за врска на Реал Мадрид ќе го игра претстојното Европско првенство, а потоа ќе ја заврши професионалната кариера.

Заминувањето на Крос е важна тема во светските спортски медиуми, а за тоа се огласи и поранешниот аргентински репрезентативец Хуан Роман Рикелме. „Тони Крос е нешто најблиску до Роџер Федерер што сум го видел. Може да игра натпревар, а потоа не треба ни да се тушира“, изјави легендарниот фудбалер за аргентински ТНТ Спорт.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Крос ја започна својата кариера во Ханза Росток, а потоа отиде во младинскиот систем на Баерн во 2006 година. Во сезоната 2009/2010. играше како позајмен во Баер Леверкузен, каде што експлодираше. Потоа одигра неколку одлични сезони за Баерн, а пред десет години се пресели во Реал Мадрид. За Реал одигра 463 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …