Дома Фудбал Германија Ригорозни мерки во Бундеслигата: Ако навивачите се соберат пред стадион, гостинот службено ќе победи!

Ригорозни мерки во Бундеслигата: Ако навивачите се соберат пред стадион, гостинот службено ќе победи!

Германија следниот викенд ќе ја рестартира Бундеслигата, но со специјален протокол и ригорозни мерки.

Помеѓу неколкуте правила кои се воведени поради пандемијата на коронавирусот, едно се однесува и на навивачите бдејќи сите натпревари ќе се играат пред празни трибини.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Доколку се случи големо групирање пред стадион, гостинскиот тим службено ќе победи и ќе добие три бода.

„Ги замоливме навивачите да не се собираат пред стадионот. Доколку се појават, ние ќе го загубиме натпреварот. Бундеслигата веднаш ќе и додели три бода на гостинската екипа. Убеден сум дека нашите навивачи ќе сфатат за што станува збор и ќе останат во своите домови“, изјави спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобич.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал Мадрид зема повеќе од Барселона од ТВ права, но никој не е среќен

Раководството на Ла Лига ја објави распределбата на парите од аудиовизуелните права за сез…