Дома Фудбал Германија Рибери има неколку понуди, може да се врати и во клубот каде што настапуваше пола година

Рибери има неколку понуди, може да се врати и во клубот каде што настапуваше пола година

Генералниот менаџер на Баерн Минхен, Ули Хенес потврди дека искусниот Франк Рибери ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

Овој 36 годишен фудбалер во Баерн пристигна уште во 2007 година, а во текот на 12 години во дресот на Баерн освои дури 21 трофеј.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Многу се шпекулираше за тоа дека Рибери уште оваа сезона ќе биде во некој друг клуб, но пред крајот на минатата сезона го продолжи договорот на уште една година, како и Робен кој исто така заминува во јануари.

Крајот во Баерн за Рибери нема да биде и крај на кариерата, а Французинот веќе има неколку понуди.

Рибери пред себе наводно има понуди од Галатасарај каде што настапуваше половина година, Ал Итихад, како и од клубови од Кина и МЛС.

https://www.youtube.com/watch?v=mp1sHcUC7sQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…