Дома Фудбал Германија Рибери во солзи ја следеше конференцијата на Бразилецот кој oсвои 16 трофеи со Баерн (ВИДЕО)

Рибери во солзи ја следеше конференцијата на Бразилецот кој oсвои 16 трофеи со Баерн (ВИДЕО)

Освен двоецот на Баерн Франк Рибери и Арјен Робен после оваа сезона клубот ќе го напушти и Бразилецот Рафиња.

Рафиња во Баерн пристигна во 2011 година и од тогаш освои 16 трофеи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Маурицио Рафаел Фереира де Соуза познат како Рафиња (33) за најтрофејниот германски клуб за тоа време одигра 266 натпревари.

Во Баерн Рафиња најмногу натпревари одигра под водство на Пеп Гвардиола кој Филип Лам од десната страна го прфели во средината, што на Рафиња му отвори простори на бековската позиција.

Германските медиуми пишуваат дека Рафиња кариерата ќе ја продолжи во бразилскиот Фламенго.

„Секој ден сме заедно и се познаваме многу добро, вистинско семејство сме. Пријателството кое го создадовме е најсилната работа. Поминав осум прекрасни години во овој клуб и носам големи спомени. Тројната круна од 2013 година е нешто посебно, но на се доаѓа крајот“, изјави Бразилецот на емотивната прес-конференција.

Неговата конференција ја следеа соиграчите Франк Рибери и Мануел Ноер. Кога Бразилецот започна да плаче, не издржа ниту Рибери кој исто така пушти некоја солза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…