Тимот на Барселона после лошата форма во Ла Лига вчера успеа да стигне до победа против англиски Тотенхем и тоа на „Вембли“ со резултат од 2:4.
На оваа средба Лионел Меси беше стрелец на два погодоци, но и покрај тоа, на оваа средна во фудбалската историја се запишаа двајца негови соиграчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличен натпревар вчера одигра Жорди Алба кој беше асистент на три од четирите гола и такво нешто на еден дефанзивец во последната деценија ипол му успеало само уште на Филип Лам за Баерн Минхен кој се пензионираше пред неколку години.
Лам до учинок од три асистенции на еден натпревар стигна против тимот на Лил во 2012 година.
3 – @FCBarcelona's Jordi Alba is the second defender to have assisted three goals in the same @ChampionsLeague game since at least 2003/04 (Lahm vs Lille in November 2012). Jet. pic.twitter.com/xbEU8gJFjQ
— OptaJose (@OptaJose) October 3, 2018
Вториот играч кој имаше вечер која ќе ја памети е Иван Ракитиќ. Хрватот постигна гол со фантастичен волеј удар, а овој негов погодок беше 600-ти за Барса во најелитното европско натпреварување.
600 – @ivanrakitic’s goal was the 600th @FCBarcelona have scored in the @ChampionsLeague / European Cup history (including qualifiers). Historic. pic.twitter.com/zP5f8lA5II
— OptaJose (@OptaJose) October 3, 2018
https://www.youtube.com/watch?v=HMNwyjYIm0Y