Гибралтар вчера испиша историја, бидејќи за прв пат победија под покровителство на ФИФА.
Гибралтар ја совлада Летонија со резултат од 1:0 благодарение на голот кој го постигна Лиам Вокер во 88 минута. Иако сојузот на Гибралтар е основан далечната 1895. година, првиот натпревар го одиграа дури во 1993. година, а од оваа година до победа доаѓаа само во пријателските натпревари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред седум години ја победија репрезентацијата на Фарските Острови со 3:0, додека пред четири години беа подобри од Малта со минимален резултат. Во квалификациите за ЕП во Франција ги загубија сите натпревари, а имаа неверојатна негативна гол разлика од дури 5 спрема 103.