Најголемото шкотско дерби и можеби едно од најголемите дербија на островот, познатото „Олд Фирм“ дерби меѓу Глазгов Ренџерс и Селтик ќе се одигра денес.
Трката за титулата продолжува да се разгорува во шкотскиот шампионат, со само три бода кои ги делат двата шкотски гиганти и овој меч може да биде пресуден за трофејот сезонава.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Остануваат само седум натпревари оваа сезона, што го прави ова дерби клучно за двата тима во нивниот обид да ја завршат сезоната како шампиони.
Ренџерс мора да победи ако сака титула
Ренџерс е во одлична форма во моментов и пред овој натпревар е во серија од седум натпревари без пораз, што ги одржува во трката за титулата.
Сепак, Герс последниот пораз во лигата го доживеа од Селтик кога беа лесно поразени со 3:0, а сите голови беа постигнати во првите 45 минути.
Тимот ќе се надева дека ќе се одмазди за тој пораз, а добра увертира за тие надежи е нивната победа на почетокот од сезонава кога дома славеа со 1:0 со голот на Филип Хеландер.
Избраниците на Џовани ван Бронкхорст се намачија за да го победат Данди пред репрезентативната пауза. Губеа со 1:0 на полувреме, па се спасуваа на крајот од мечот кога Арон Ремзи и Конор Голдсон го направија пресвртот.
Герсите исто така се непоразени на стадионот Ајброкс оваа сезона во лигата, а само четири пати губеа бодови преку нерешени резултати, што е серија што ќе имаат за цел да ја продолжат овој викенд. Енџерс сеуште игра во Европа и размислува и во таа насока, но нема сомнеж дека на ова дерби ќе дадат се од себе за три бода.
Селтик ќе биде задоволен и со реми
Силните домашни перформанси на Ренџерс ќе се соочат со строг тест против Селтик кој влегува во овој натпревар со најдобриот скор на гости во лигата оваа сезона.
„Хопси“ моментално се на врвот во лигата, што е нешто од кое нема да сакаат да се откажат оваа недела, а тимот има шанса да создаде разлика од шест поени меѓу нив и нивните ривали.
Тимот на Анже Постекоглу беше дефанзивно цврст во последно време, одржувајќи четири пати чиста мрежа на претходните шест натпревари, што е серија што голманот Џо Харт ќе сака да ја продолжи. Селтик, исто така, изгледаше добро во офанзивниот дел постигнувајќи 12 гола во последните четири меча.
Јоргос Џакумакис беше особено импресивен во последно време, постигнувајќи пет голови на двата меча пред репрезентативната пауза и сега сите погледи се свртени кон него. Во секој случај, Селтик веројатно ќе биде задоволен и со бод ов овој меч и н еби требало премногу да ризикува.