Шпанскиот голман Пепе Реина прифати да премине во Милан, пренесуваат италијанските медиуми.
Реина веќе неколку недели се поврзува со трансфер во редовите на Росонерите, а сега конечно е се завршено, ако се верува на пишувањата на медиумите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот со Наполи му истекува на крајот од оваа сезона, а Росонерите покажаа најголем интерес да го донесат во своите редови и му понудиле договор до летото 2020. година.
Реина ќе има годишна плата од три милиони евра, а договорот сеуште не е објавен бидејќи Милан сеуште не знае што ќе се случи со Донарума, кој најверојатно ќе го напушти клубот летоска.
Да потсетиме, шпанскиот голман во текот на кариерата бранеше за Барселона, Виљареал, Ливерпул, Наполи и Баерн, додека за репрезентацијата на Шпанија запиша 33 настапи.