Искусниот шпански голман Пепе Реина би можел да се врати во Англија по седум години.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според „Телеграф“, тимот на Астон Вила започнал преговори со екипата на Милан околу трансферот на 37-годишниот голман и тој би можел да го носи дресот на тимот на Бирмингем до крајот на сезоната.
Вила неодамна остана без два важни играчи во екипата. Еден од нив е голманот Том Хитон, кој ја заврши сезоната поради повреда на коленото, а другиот е напаѓачот Весли.
Потрагата по голман и нов напаѓач се уште трае, а се чини дека и двете ќе бидат успешно завршени.
Реина е прв избор за нов голман на Вила. Менаџерот Дин Смит сака некој со долгогодишно искуство во Премиер лигата, а Реина сигурно го има тоа со оглед на тоа дека го носеше дресот на Ливерпул од 2005 до 2013 година.