Мината недела регионалниот технички консултант на ФИФА, Каролин Браун ја посети Фудбалската Федерација на Македонија. Разговарано беше за целите согласно стратешкиот план на ФФМ, а во насока на партиципацијата, развојот на таленти, фудбалските академии на ФФМ, грасрут активностите, развојот на женскиот фудбал, тренерските кадри.
Во рамки на неколкудневната посета Браун имаше можност да оствари средби и консултации со техничкиот директор на федерацијата Зоран Стратев, со менаџерот на сектор фудбал Жарко Игњатовски, како и со генералниот секретар Филип Поповски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сметаме дека поддршката од ФИФА од страна на фудбалски експерти и размената на искуства е секогаш добре дојдена. Тоа ќе ни помогне во подобрување на процесите особено во делот на развојот на тренерите, идентификација на талентите при селективните настани, подобрување на раководењето со академиите. – Жарко Игњатовски, менаџер на сектор фудбал на ФФМ.
Посетата вклучуваше консултации и работни средби и со одговорните за развој на женски фудбал, тренерска едукација и грасрут.
Имавме можност да дознаеме повеќе за одредени области во кои што можеме да направиме видлив напредок. Сметам дека младинскиот фудбал, грасрутот и развојот на женскиот фудбал во моментот се наши приоритети за нивно подобрување и зајакнување. Се пријавивме и да учестувавме како пилот асоцијација во истражувањето на ФИФА за развој на аматерскиот фудбал. Драго ни е што ни е дадена можноста да бидеме дел од овие активности на ФИФА. – Зоран Стратев, Технички директор на ФФМ.