Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри и спортскиот директор Кристијано Џунтоли синоќа отпишаа четворица играчи.
Торински Јувентус прави големи промени во својот тим ова лето. Се очекуваат многу промени пред почетокот на првенството, а веќе тренерот Масимилијано Алегри и спортскиот директор Кристијано Џунтоли ја чистат соблекувалната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Четири познати имиња веќе не се во плановите на клубот. Им било кажано дека не се смета на нивните услуги и дека можат да бараат нова средина.
Играчи на кои им е кажано дека можат да одат и да бараат нов клуб се Леонардо Бонучи, Вестон Мекени, Артур Мело и Денис Закарија. Од утре нема да тренираат со остатокот од тимот.
Секако голема вест е фактот што капитенот Леонардо Бонучи (36) беше отпишан. Легендарниот дефанзивец „половина живот“ го помина во Торино, но за него веќе нема место. Неговата лента ја презема Бразилецот Данило.
Бонучи е член на Старата дама од 2010 година, со пауза од една сезона во Милан, кога го навлече гневот на навивачите на „бјанконерите“, кои никогаш не му простија што ги напушти.
Тој се врати во клубот во 2018 година, а за Старата дама одигра вкупно 502 натпревари и постигна 37 гола.
Се споменува можноста Бонучи кариерата да ја продолжи во Рома или Лацио, а веќе има понуди од Англија и Саудиска Арабија.
Од друга страна, Вестон Мекени, Артур Мело и Денис Закарија се промашени инвестиции на клубот во претходните години и нивното заминување беше очекувано.