Дома Топ вести Револуција во Мадрид: Само десет фудбалери на Реал се сигурни!

Револуција во Мадрид: Само десет фудбалери на Реал се сигурни!

Повеќе од половина тим од сегашните играчи би можеле да го напуштат клубот, Зидан ќе го намали бројот на фудбалери, има многу јасна претстава како би требало да изгледа тимот.

Зинедин Зидан признава дека е тешко да се мотивираат играчите кога немаат борба за трофеи, но и додаде дека тоа е еден вид кастинг за следната сезона. Бидејќи, како што се пишува, Перез подготвува револуција, реприза од 2009. година, кога целосно го промени тимот.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Познати се и целите, првите две се Азар, кој би требало сигурно да пристигне во Мадрид, договорот му истекува во 2020. година, и Погба за кого Реал е подготвен да се откаже и од Бејл и од Крос. Велшанецот и Германецот се на листата на играчи кои Реал треба да ги замени, Бејл го одби Тотенхем, ги чека „Ѓаволите“.

Но, кој ќе си замине?

Реал нема да попушти пред барањата од Варан за голема плата, но би можел да го продаде и да испрати непристојна понуда за Кулибали или да ја платат клаузулата за Раул Хименез од Атлетико Мадрид. Марсело најверојатно ќе остане, како и Иско и Навас, играчите кои беа во вториот план со враќањето на Зидан повторно добија значење.

И Карим Бензема е неприкосновен, но клубот му бара замена, цели се Лука Јовиќ и Икарди, а играчите како Маријано мораат да го убедат Зидан дека го заслужуваат местото во списокот. Валверде и Љоренте би можеле да си одат на позајмица, Валехо сигурно си заминува.

Мбапе е невозможна мисија за на лето, ќе се обидат повторно да го доведат во 2020., а Зидан бара уште неколку играчи во средината на теренот. Пјаниќ е премногу скап, Рабио е бесплатен, тоа би можело да биде едно од засилувањата, иако се уште се споменува Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Зидан ќе ослободи повеќе играчи, отколку што ќе доведе, потребен му е тим од најмалку дваесет играчи, плус три голмани. Во овој момент ги има вкупно 25, што се однесува на позајмицата, голманот Лунин ќе биде вратен ако си оди незадоволниот Куртоа, за Ковачиќ, Одегард, Родригез и Ернандез нема место, како ниту за напаѓачите Мајорал и Ромаса кои се во Леванте, односно Рајо Ваљекано.

Во секој случај само десет играчи сигурно ќе останат на своите позиции во клубот, Навас, Рамос, Карвахал, Марсело, Модриќ, Иско, Асенсио, Лукас Васкез, Одриозола и Винисиус, дури ниту Касемиро кој беше еден од омилените играчи на Зидан не е сигурен.

Не очекува пеколно лето во Мадрид и вистинска „револуција“!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кирјос се огласи за допинг-скандалот: Најлесно е да се каже „не знаевме“

Aвстралиецот Ник Кирјос не остана без реакција по неодамнешниот допинг скандал со полската…