Дома Фудбал Репрезентации Ребров: Не сме фаворити против Македонија

Ребров: Не сме фаворити против Македонија

Селекторот на Украина, Сергеј Ребров имаше само пофални зборови за селекцијата на Македонија пред утрешниот меч.

„Македонија ја исфрли Италија во плеј-офот за Светското првенство 2022, ја совлада и Германија на гости. Го сфаќаме натпреварот многу сериозно. Мора да го почитуваме противникот, но и да размислуваме на нашата игра“, истакна Ребров.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Македонија веќе многупати покажа дека е многу силна и не можам баш да кажам дека сме фаворити. Прво играме на гости, против силен тим и затоа не се сметаме за фаворити. Ќе мора на теренот да го покажеме тоа. Но, спремни сме. Знам дека Елмас е лидер на Македонија, дека има низа фудбалери кои се добри со топка и ќе мора да внимаваме на нив“, додаде украинскиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Легенда веќе знае кој ќе игра во финалето на Лигата на шампионите: Тоа ќе биде вистински спектакл

Лигата на шампионите се врати, и веќе првата вечер љубителите на најважната споредна работ…