Дома Топ вести Реал руши трансфер рекорд за Садио Мане

Реал руши трансфер рекорд за Садио Мане

Реал Мадрид спрема големи засилувања во тимот ова лето, а шпанските медиуми откриваат дека главна мета на „кралевите“ ќе биде ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане.

Мане и оваа сезона е еден од најдобрите играчи во Европа и до сега постигна  18 голови и 12 асистенции на 38 меча, па Ливерпул тешко ќе се откаже од него.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Зидан смета дека Сенегалецот ќе биде идеално засилување за неговиот тим, кој оваа сезона има проблем со реализацијата.

Поради тоа Реал Мадрид е спремен да го сруши клупскиот трансфер рекорд и спремил понуда од 155 милиони евра, која „црвените“ тешко ќе можат да ја одбијат.

Мане во неколку наврати истакна дека одлично се чувствува во Ливерпул, но Реал Мадрид едноставно не може да се одбие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…