Дома Фудбал Реал после поразот го загуби и еден од клучните фудбалери!

Реал после поразот го загуби и еден од клучните фудбалери!

Покрај тоа што ги загуби бодовите на „Местаља“, тимот на Зинедин Зидан во наредните неколку месеци ќе биде без стандардниот првотимец, Рафаел Варан.

Францускиот дефанзивец доби мускулна повреда за време на натпреварот со Валенсија и го напушти теренот во 73-тата минута.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Првичните прегледи покажаа дека има истегнување, но воспалението не дозволува да се види добро дали има кинење на мускулот. Ако се потврдат најлошите прогнози, Варан може да отсуствува до три месеци.

Во секој случај Варан ќе отсуствува најмалку три недели и сигурно ќе ги пропушти дуелите со Наполи во ЛШ и со Виљареал, Лас Палмас, Еибар, Бетис и Атлетик Билбао во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…