Иако со проблеми со повредени фудбалери, Барселона вечерва славеше победа против Реал Мадрид на „Бернабеу“ со 0:1 во првиот натпревар од полуфиналето во „Копа Дел Реј“.
Вечерва гледавме еден натпревар во кој немаше премногу шанси, а одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 26-тата минута кога Едер Милитао си постигна автогол.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Франк Кеси влезе во одлична прилика и излезе сам пред Куртоа. Белгискиот голман го одбрани неговиот удар, но топката го погоди Милитао и заврши во мрежата. Каков натпревар гледавме доволно зборува тоа што Реал Мадрид упати 11 удари кон голот на Тер Штеген, меѓутоа ниту еден не одеше во рамките од голот.
Copa del Rey 🇪🇸
— Tendencia Futbol (@_JogaBonito_10) March 2, 2023
Real Madrid 0-1 Barcelona
⚽️ Militao (GEC) ⏱29'pic.twitter.com/Kl0ADMzL4a
Ниту, Барселона не беше премногу опасна, Каталонците испратија четири удари и два во рамките од голот. Веројатно да не беше тој конфузен автогол на Милитао и немаше давидиме победник.
Патникот во финалето ќе се решава на 5-ти април кога Реал во реваншот ќе гостува на „Камп Ноу“.