Реал Мадрид го поднови интересот за ѕвездата на Челзи, Нголо Канте пренесува весникот „АС“.
Весникот тврди дека Челзи е спремен да се раздели со фантастичниот Французин за да го финансира летниот трансфер период.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сините“ веќе ги донесоа Хаким Зијах за кого потрошија 36 милиони финти, а го официјализираа и трансферот на Тимо Вернер за 52 милиони фунти.
Лампард е заинтересиран и за уште неколку големи ѕвезди како Каи Хаверц и Џејдон Санчо, па поради тоа ќе мораат да продадат едно големо име.
Најголем интерес постои за Нголо Канте, чија цена во моментов изнесува 70 милиони фунти.
Реал Мадрид е спремен да ја плати таа сума бидејќи Французинот е голема желба на Зинедин Зидан.