Дома Топ вести Реал му постави краен рок на Рамос

Реал му постави краен рок на Рамос

Од Реал Мадрид поставиле краен рок до март да се реши иднината на капитенот Серхио Рамос, пренесуваат шпанските медиуми.

„Кралевите“ сакаат дефанзивецот да остане, но понудата со 10% намалување на платата не му се допаѓа на Серхио Рамос.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Претседателот Флорентино Перез е спремен да направи компромис и да му понуди 2-годишен договор на капитенот, иако првичната понуда беше една година плус уште една.

Договорот на Рамос истекува во јуни и веќе има многу шпекулации околу неговата однина. Манчестер Јунајтед и ПСЖ веќе испратиле понуди до неговиот агент и се борат за неговиот потпис.

Поради тоа Реал постави краен рок до март Рамос да донесе конечна одлука за својата иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го испраќа на позајмица младото чудо во кое вложи 60 милиони евра

Изгледа дека Реал Мадрид ја реши ситуацијата со својот млад напаѓач Ендрик, кој ќе се обид…