Дома Топ вести Реал Мадрид ја одреди цената и чека понуди за Роналдо!

Реал Мадрид ја одреди цената и чека понуди за Роналдо!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е спремен да ги разгледа пондите кои ќе пристигнат за најголемата ѕвезда во тимот, Кристиано Роналдо, пренесува португалскиот весник „Рекорд“.

Главна тема во шпанските медиуми веќе неколку дена е незадоволството на Роналдо. Португалецот се чувствува измамен од страна на „кралскиот“ клуб и е спремен да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ (ОВДЕ).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од друга страна Перез е мирен и чека понуди за Роналдо кои ќе ги задоволат финансиските апетити на клубот!.

Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека најголема желба на Роналдо е да се врати во Манчестер Јунајтед, но според еминентниот новинар Гијем Балаге таа операција е многу сложена и тешко остварлива.

Реал Мадрид бара најмалку 100 милиони евра за слободата на Роналдо, а самиот фудбалер ќе настојува да добие плата од 50 милиони евра и да биде најплатен во светот.

Тоа е огромна сума за фудбалер кој за неколку дена ќе наполни 33 години, па поради тоа „црвените ѓаволи“ не се заинтересирани.

Единствената опција за Роналдо во моментов е Пари Сент Жермен, бидејќи Роналдо не сака да ја напушти Европа и да се пресели во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…