Реал Мадрид утре ќе игра против Еспањол во рамките на Примера каде тимот на Лопетеги ќе ја брка четвртата победа оваа сезона.
Готово сигурно во стартниот тим на овој меч ќе се појави Алваро Одриасола, кој ова лето беше добеден од Реал Сосиедад за 30 милиони евра. Шпанскиот репрезентативец се уште нема дебитирано со „кралскиот“ дрес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одриасола ќе го заземе местото на Дани Карвахал кој има повреда и не тренира со тимот.
„Дани има мал проблем и во моментов чекаме да видиме како ќе се развиваат работите. Но со сигурност тој нема да игра утре“, потврди Лопетеги.
Training | The players carried out a session in which ball work took centre stage. pic.twitter.com/WwpjRQQZhF
— Real Madrid Info (@RMadridInfo) September 21, 2018