Дома Топ вести Реал Мадрид тргнува по новата француска ѕвезда

Реал Мадрид тргнува по новата француска ѕвезда

Реал Мадрид се вклучи во трката за потписот на францускиот репрезентативец и ѕвезда на Ајнтрахт, Коло Муани.

Коло Муани игра фантастична сезона во Бундеслигата, а се покажа во одлично светло и на Мундијалот, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Експертите му предвидуваат блескава кариера, а од поодамна интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.

Сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Реал Мадрид, кој е во потрага по засилување во нападот.

„Кралевите“ сметаат дека Коло Муани ќе биде идеално решение бидејќи може да игра како замена за Бензема, но и како крилен напаѓач.

Ајнтрахт сигурно нема лесно да се откаже од Французинот и за неговата слобода бара 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…