Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата со Нголо Канте и сака да го донесе на лето, пренесуваат шпанските медиуми.
Анчелоти е во потрага по играч кој ќе може да биде алтернатива за Каземиро и смета дека Канте перфектно би се вклопил во неговиот стил на игра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
31-годишниот Канте на лето ќе влезе во последната година од договорот и би можел да го напушти Челзи, бидејќи нема најава за продолжување на соработката.
Сепак, во моментов во Челзи се е „блокирано“ и се чека новиот сопственик, но медиумите тврдат дека на лето ќе има големи промени.
Реал внимателно ја следи ситуацијата и веќе стапил во контакт со агентот на Канте, па на лето сигурно ќе испрати понуда за Французинот.