Реал Мадрид вчера го победи Гетафе со минимални 1:0, единствениот гол на натпреварот го постигна Асенсио, меѓутоа оваа средба „кралевите“ би можеле службено да ја загубат.
Каталонскиот весник „Спорт“ потенцираше грешка поради која Реал може да остане без победата. Едуардо Камвинга го напушти теренот во 84-тата минута, а тогаш на негово место влезе Алваро Одраизола
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Планот на Анчелоти првично бил Одраизола да влезе на местото на стрелецот Асенсио, но ситуацијата се променила кога се повреди Камвинга.
Одриозола влегол во игра на местото на Асенсио, и во истиот момент од клупата на Реал му рекле дека тој останува во игра, а го повлекле Камавинга кој беше повреден.
„Измените ќе бидат ефективни кога резервата ќе влезе на теренот. Од тој момент, фудбалер кој го напушта теренот станува заменет играч, а резервата станува актуелен играч и може да почне да игра“, гласи официјалното правило.
Правилото стапило на сило кога во Реал се предомислија и место Асенсио од игра го извадија Камвинга.