Дома Фудбал Реал Мадрид сака да донесе играч кој не е ниту стартер во клуб од третата шпанска лига

Реал Мадрид сака да донесе играч кој не е ниту стартер во клуб од третата шпанска лига

ЏЕРЕМИ ДЕ ЛЕОН е 19-годишен фудбалер од Порторико, кој настапува за Кастелон во третата шпанска лига.

Тој наскоро ќе се пресели во Реал Мадрид. Се очекува тој да игра за младиот тим на мадридскиот гигант пред да докаже дека има место за него во најсилниот тим.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сакаа да го доведат и Виљареал и Валенсија. Тој игра на позицијата десно крило, а може да се користи и на лево и како напаѓач.

Со просечни 32 минути на 14 натпревари оваа сезона, забележа една асистенција. Иако не му е загарантирано место ниту во стартниот состав на својот клуб, Реал во него препозна талент кој вреди да се надградува.

Напаѓачот, кој Трансфермаркт го проценува на 200.000 евра, ќе започне со натпревари во Кастиља под водство на Раул, по што ќе се види колку може да напредува и дали може еден ден да заигра во најсилниот тим на клубот.

Во својата 121-годишна историја, Реал имаше само еден Порториканец. Едуардо Ордонез пристигна во клубот во 20-тите години на минатиот век. По фудбалот се посвети на операта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…