Реал Мадрид вечерва гостува кај Алавес на отварањето на сезоната, а Карло Анчелоти има одредени кадровски проблеми.
Италијанецот не може да смета на Дани Карвахал, Марсело, Ферлан Менди и Тони Крос, додека Мартин Одегард не е регистриран бидејќи се очекува да се врати во Арсенал.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Се шпекулира дека Јовиќ може да биде стартер, затоа што Бензема подоцна стигна на припремите, но тоа ќе го дознаеме вечерва пред почетокот на мечот.
Најголем проблем за Анчелоти е одбраната каде што нема тројца играчи, па се очекува во последната линија да настапат Одриозола, Милитао, Начо и Алаба.
Натпреварот помеѓу Алавес и Реал Мадрид се игра вечерва од 22:00 часот.