Дома Топ вести Реал Мадрид има повредени играчи во вредност од пола милијарда евра

Реал Мадрид има повредени играчи во вредност од пола милијарда евра

Деветти повреден играч во само 47 дена. Последен во низата повредени играчи на Реал е Хамес Родригез.

Реал Мадрид потврди дека поради повреда на мускулот во натпреварот против Ваљадолид ќе го пропушти натпреварот во недела против Виљареал. Голема е веројатноста да ги пропушти и натпреварите на Колумбија против Бразил и Венецуела.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тренерот Зидан после домашното реми со Ваљадолид (1:1) потврди дека првиот настап за Реал после две години е прекинат поради неговата повреда.

Хамес така се придружи на долгиот список на играчи кои настрадаа во текот на летните припреми и почетокот на сезоната.

Прв беше Брахим Диаз кој се повреди на тренингот во Монтреал. Потоа Ферланд Менди го повреди мускулот, исто така на северноамериканската турнеа. Уште едно засилување се повреди, Лука Јовиќ тој повредата ја зарабти во судир со Јан Облак на пријателскиот натпревар во Њу Џерси. Најлоша повреда во текот на летото беше на Марко Асенсио, тој против Арсенал во Вашингтон ги скина лигаментите на коленото.

Со враќањето во Мадрид продолжија повредите за Реал. Се повреди Тибо Куртоа, па Родриго Гоеш, Еден Азар и Милитао. Значи Хамес засега е последен,, деветти.

Сите овие играчи на кои Зидан не може да смета имаат вредност на пазарот од дури 512 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Селекторот на Франција за првпат се огласи по намалувањето на суспензијата на Погба

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам се огласи за првпат откако …