Дома Фудбал Реал Мадрид израмни клупски рекорд стар 93 години

Реал Мадрид израмни клупски рекорд стар 93 години

Фудбалерите на Реал Мадрид продолжија со одличните настапи на стартот на сезоната, па така го израмнија најдобриот старт во сезоната по 93 години.

Реал со триумфот против Гетафе има 11 победи и едно реми, па такво нешто им успеа во далечната 1928/29.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Реал Мадрид во првиот меч славеше против Ајнтрахт во Суперкупот на Европа, а потоа следеа триумфи во Ла Лига и Лига на шампиони, а само Осасуна успеа да остане непоразена и да освои бод.

Ова е најдобра можна најава за „Ел Класико“, кое е закажано за недела во Мадрид, меѓутоа не треба да се потцени ниту Барселона која во домашното првенство има седум победи и едно реми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Билд: Себичноста на Салах го кочи Ливерпул и Вирц

Не само што Ливерпул беше поразен од Манчестер Сити со 0:3 во Премиер лигата, туку ситуаци…