Дома Фудбал Реал Мадрид го дава „гратис“, но тој не сака да замине

Реал Мадрид го дава „гратис“, но тој не сака да замине

Реал Мадрид се обидува летово да се ослободи од фудбалерите кои не му се потребни и за кои повеќе нема место во тимот.

До крајот на преодниот рок раководството ќе се обиде да ги продаде Марко Асенсио, Алваро Одриозола и Маријано Дијаз.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Најтешко сигурно ќе биде заминувањето на Дијаз, кој пристигна во Мадрид во 2018 година од Лион за 21,5 милиони евра и потпиша петгодишен договор со плата од 4,5 милиони евра, а Реал е подготвен да го даде бесплатно.

Сепак, проблемот е што Дијаз не размислува за заминување, тој ги одби сите досегашни понуди и е решен да остане во клубот до истекот на договорот. 

Проблем е што ниту еден друг клуб не може да му ја гарантира на напаѓачот платата која му ја дава Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конте за Де Брујн: Ако се лути поради замената, пронашол погрешен човек

Екипата на Наполи вчера го претрпе првиот пораз во сезоната во Италија и тоа во дербито со…