Дома Фудбал Останато Реал Мадрид внимателно ги следи преговорите помеѓу Манчестер Сити и Стерлинг

Реал Мадрид внимателно ги следи преговорите помеѓу Манчестер Сити и Стерлинг

Реал Мадрид планира во следната сезона да ангажира неколку големи засилувања, а сега се појавија информации дека „Кралевите“ внимателно ја следат ситуацијата околу продолжување на договорот помеѓу Стерлинг и Сити.

Крилниот фудбалер на Сити, Стерлинг влегува во последните 18 месеци од важечкиот договор со „Граѓаните“, а според пишувањата на „ESPN“, за сега нема информации дека англискиот репрезентативец е подготвен да го продолжи продолжување на селекторот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Наводно, тоа сака да го искористи Реал Мадрид и да го доведе Стерлинг во своите редови доколку ситуацијата околу неговиот нов договор со Сити наскоро не се реши. Иако и Сити и Стерлинг сакаат да ја продолжат соработката, за сега нема навестување дека постигнување на договорот со новите услови е блиску.

Од другата страна, Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на 23-годишниот Стерлинг и ќе се обиде да го доведе уште во јануари. Потсетуваме, Реал ниту ова лето не усепа да пронајде адекватна замена за Роналдо, а Стерлинг има доволно напаѓачки квалитети да се нарече како големо засилување за „Кралевите“.

Потсетуваме, Стерлинг по одличните игри во Ливерпул 2015. година пристигна во Сити за околу 64 милиони евра. Во новата сезона веќе постигна четири гола и две асистенции во седум премиерлигашки натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус го сака Санчо, но испратил понижувачка понуда

Санчо наводно се договори со Јувентус, но клубовите уште не го постигнале потребниот догов…