Дома Топ вести Реал и Ливерпул спремаат трампа од која ќе се тресе Европа!

Реал и Ливерпул спремаат трампа од која ќе се тресе Европа!

Со доаѓањето на Јирген Клоп во Ливерпул се отвори ново поглавје за клубот од „Енфилд“, но иако сите очекуваа резултати преку ноќ, германскиот стратег даде до знаење дека до доаѓање на врвот клубот го очекува тежок пат.

„Црвените“ планираат значително да го засилат тимот ова лето, а на мета се двајцата фудбалери на Реал Мадрид, па медиумите на Островот најавуваат голема размена меѓу двата клуба.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Имено, како што се тврди во Ливерпул би требало да пристигнат Хамес Родригез и Иско, додека бразилскиот репрезентативец Филипе Кутоњо би требало да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Хамес веќе подолго време е топ тема кога се во прашање трансферите и јасно е дека ќе го напушти Реал, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде Премиер лигата. Ливерпул исто така веќе подолго време е заинтересиран и за Иско.

Медиумите тврдат дека единствен начин за „црвените“ да дојдат до двајцата фудбалери е да го испртатат Кутињо во Мадрид, за кого силен интерес покажуваат Реал Мадрид и Барселона.

Со оглед на фактот дека „кралевите“ тешко ќе можат да дојдат до потписот на Азар, Кутињо би бил идеална алтернатива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…