Реал Мадрид е во потрага по квалитетен дефанзивец, откако ова лето остана без Серхио Рамос и Рафаел Варан.
Прва желба на Анчелоти е Калиду Кулибали, кого го познава одлично го познава од времето кога го водеше Наполи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи прави се за да го задржи, но 30-годишниот Кулибали смета дека сега е вистинско време да направи чекор напред во кариерата и сака да ја промени средината.
Претставници на Реал веќе имале средба со агентот на Кулибали и започнале преговори за трансфер на дефанзивецот на „Сантиаго Бернабеу“.
Наполи за слободата на дефанзивецот бара 60 милиони евра, додека „кралевите“ во моментов не сакаат да понудат повеќе од 40 милиони евра.