Реал Мадрид денес и официјално го претстави новото засилување, Давид Алаба.
Австриецот дојде од Баерн Минхен како слободен агент и ќе биде замена за Серхио Рамос, а го избра и неговиот број на дресот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, Алаба ќе ја носи „четворката“, број кој во изминатите 16 години го носеше токму Серхио Рамос.
„Благодарен сум и горд што ќе можам да го носам овој дрес. Се надевам дека ќе успееме да освоиме многу трофеи. Имав повеќе понуди откако решив да го напуштам Баерн Минхен, но Реал Мадрид е остварување на мојот сон“, изјави Алаба.
🤩💬 @David_Alaba: "El @RealMadrid es el mayor club del mundo."#WelcomeAlaba 👇 pic.twitter.com/ulAWYTs1J5
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) July 21, 2021