Дома Фудбал Реал го наградува Винисиус со нов договор

Реал го наградува Винисиус со нов договор

Винисиус Јуниор оваа сезона игра во фантастична форма во дресот на Реал Мадрид и се промовираше во еден од најдобрите млади фудбалери во светот.

Тој има договор со Реал до јуни 2024 година, но клубот сака да го награди за добрите партии и да му понуди подобар договор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми пренесуваат дека Винисиус во моментов заработува 3,2 милиони евра, а со новиот договор ќе добие двојно поголема плата плус бонуси.

Бразилецот ќе се обврзе на верност до „кралевите“ до 2026 година, а во новиот договор на ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Се поизвесно е доаѓањето на Мбапе на „Сантиаго Бернабеу“, кој ќе биде најплатен во тимот, па Реал сака да го награди Винисиус за добрите партии.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го надмудри Милан

Италијанскиот шампион Наполи запиша исклучително важна победа со 1:0 на домашен терен прот…