Реал Мадрид со поразот од Милан со 1:3 се стави во непријатна ситуација во Лигата на шампионите каде што ќе треба да има низа добри резултати за да стигне до место кое води директно во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Во овој момент, Реал по некомплетното четврто коло е на 17 место со по две победи и два порази и гол-разлика 9:7.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Од лошо, полошо“, пишува „АС“ во коментарот за натпреварот со потсетување дека Милан пред овој дуел беше дури седми во Серија А.
„Ќе видиме на која поизиција ќе биде Реал кога колото ќе се комплетира, но осмото место ќе му биде далеку“, се наведува во текстот.
Осмата позиција е последна која води директно во осминафиналето.
Големи критики одат за Орлиен Чуамени кој доби и свирежи во натпреварот кога Анчелоти одлучи да го замени. Но, исто така и „АС“ го издвои како најлош. Чуамени за Реал одигра 103 натпревари во кои постигна три гола и додаде пет асистенции.