Нова бура го тресе шпанскиот фудбал, откако сега првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез беше обвинет дека поткупува судии.
Во моменти кога Барселона води правна битка и е обвинета за поткуп во „случајот Негреира“, пристигна обвинување од поранешниот Комесар за натпреварување во Ла Лига, Виљарехо кон претседателот на Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Флорентино Перез не остана имун на овие обвинувања, тој веднаш покренал процедура за тужба на Виљарехо, Реал Мадрид преку соопштение ја потврди одлуката на претседателот.
„Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез нареди итно да се започне процедура за судска постапка против поранешниот комесар Виљарехо за неговите лажни обвинувања кои ги кажа на каталонската радио станица“, се вели во соопштението на кралскиот клуб.