Реал Мадрид летово реши да се откаже од непотребните фудбалери за да заштеди пари и да тргне во напад на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд следното лето.
Сепак, шпански „АС“ пишува дека постои можност Реал Мадрид и Лион во последниот ден да се договорат за Хусем Оар. Тој беше голема желба на Арсенал, но францускиот тим постави цена од 50 милиони евра и не сака да попушти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, Реал има „џокер“ во оваа игра затоа што „кралевите“ во Лион би го испратиле отпишаниот Мариано Дијаз и уште 20 милиони евра.
„АС“ пишува дека не е исклучена можноста трансферот да се реализира и на зима, ако не биде договорен до крајот на денешниот ден.
Оар важи за еден од најголемите француски таленти, па сигурно ќе биде големо засилување за тимот на Зидан.