Дома Фудбал Италија Раџа Наинголан повеќе не е играч на Интер!

Раџа Наинголан повеќе не е играч на Интер!

Со меѓусебен договор помеѓу Интер и Наинголан соработката е прекината, па сега тој е слободен играч.

Интер на репрезентативецот на Белгија ќе му даде два милиони евра обештетување за предвремено раскинување на договорот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


33-годишниот играч за Интер настапуваше од 2018. година, но во последната сезона беше на позајмица во Каљари.

Во сезона 2018/19 одигра 29 натпревари за Интер и постигна шест погодоци.

Се верува дека Наинголан сега ќе потпише договор со екипата на Каљари каде настапуваше последните две сезони.

Тој во Италија играше уште и за Рома и Пиаченца, а кариерата ја започна во белгијски Бершот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најверниот војник на Гвардиола го напушта Манчестер Сити по девет години

Капитенот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, ќе го напушти клубот на крајот од тековната с…