За разлика од својот соиграч Пол Погба, Маркус Рашфорд без потешкотии преговара со Манчестер Јунајтед за продолжување на соработката.
На напаѓачот актуелниот договор му истекува во јуни следната години, но тој сака да потпише нов договор уште сега и така да го обезбеди своето останување во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рашфорд е емотивно врзан за Манчестер Јунајтед каде што пристигна како шестгодишно момче и верува дека треба да остане во клубот и во нареднисте сезони за да му помогне на Оле Гунар Солскјер во новиот проект и враќањето на клубот на славните патеки.
Marcus Rashford est sur le point de prolonger avec Manchester United. [Times] pic.twitter.com/rbNOHMquJi
— Premier League ?? (@PLFrance_) June 18, 2019
„Тајмс“ пишува дека и покрај бројните шпекулации кои се појавија во изминатите денови Рашфорд сака да остане на „Олд Трафорд“ и за разлика од Пол Погба кој бара плата 560.000 евра неделно, Рашфорд наводно бара размуна плата, иако засега не точната сума не се открива.
Според информациите договорот би требало да биде завршен во наредните неколку денови.
https://www.youtube.com/watch?v=1kMXq7d-bJM