Дома Фудбал Англија Рашфорд ветува: Ќе гледате посилен Манчестер Јунајтед!

Рашфорд ветува: Ќе гледате посилен Манчестер Јунајтед!

Маркус Рашфорд смета дека Манчестер Јунајтед е во многу подобра позиција пред продолжување на сезоната во Премиер лигата отколку пред прекинот на сезоната.

Пред пандемијата на коронавирус да го запре шампионатот, „црвените ѓаволи“ беа во добра форма, непоразени во претходните 11 натпревари во сите натпреварувања.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Паузата му овозможи на Рашфорд да се опорави од повредата на грбот и сега е спремен за остатокот од сезоната.

„Мислам дека сме во далеку подобра позиција после карантинот отколку порано. Мора да играме натпревар за натпревар и да не гледаме премногу напред. Напорно работиме за време на тренинзите, бидејќи многу од момците се опоравија од повредите и се вратени во тимот“.

„За мене лично јас ја имав најдобрата сезона во мојата кариера до повредата, па сега сум многу мотивиран да му помогнам на тимот во преостанатите натпревари“, изјави Рашфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…