Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалез е импресиониран од тимот кој моментално го предводи Зинедин Зидан.
Легендарниот напаѓач смета дека актуелниот состав на Реал Мадрид е најдобриот во историјата на „кралскиот“ клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Му честитам на Зидан за начинот на кој ја врши својата работа. Тимот мора да продолжи со работа и да се бори за да ги задоволи навивачите на Реал“, истакна Раул.
Раул во Реал помина цели 18 години, со овој клуб шест пати беше шампион на Шпанија и три пати ја освои ЛШ и уште многу други трофеи.
„Мислам дека актуелниот состав е најдобар во историјата на Реал, но присуството на Зидан како тренер е исто така многу важно. Тој е клучен елемент во системот и заслужува огромни пофалби. Без неговите способности овој усех не би бил можен“, заклучи легендата.