Tимот на Вардар во новата сезона во Лигата на шампионите ќе игра со ПСЖ. Тоа што овие два тима се паднаа во иста група ќе му овозможи на Раул Гонзалес да се врати во Скопје.
Раул кој го водеше Вардар до европската титула во 2017 година ќе се врати во Скопје, но овој пат како тренер на друг тим. Шпанскиот стратег едвај го чека натпреварот и неговото враќање тука за да се види со пријателите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во Македониј не сум бил долго време. Тој натпревар ќе биде шанса да се видам со моите пријател. Сигурно дека за мене ќе биде еден специјален момент. Очекувам добар прием од навивачите во Скопјe, тие се едни од најдобрите во светот“, изјави Раул.
Ќе потсетиме Шпанецот освен што го водеше Вардар во еден период беше и селектор на репрезентацијата на Македонија. Со Раул заедно во Скопје ќе се врати и Даинис Криштопанс.