Дома Останати Раониќ нема да игра на УС Опен поради повреда

Раониќ нема да игра на УС Опен поради повреда

Канадскиот тенисер кој е на 11. место на светската ранг листа преку порака на социјалните мрежи го откажа учеството на УС Опен поради повреда на левата рака.

„Како што е познато изминатиот период имав проблеми со зглобот на левата рака. Тоа беше причината да се повлечам од Мастерсот во Синсинати. Не успеав да ја санирам повредата и во консултација со мојот лекар одлучив да го откажам учеството на УС Опен“, објави Раониќ на Фејсбук.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Првенството во САД ќе биде лишено и од настапите на Новак Ѓоковиќ, Стен Вавринка и Кеи Нишикори, кои претходно објавија дека исто така поради повреди нема да настапат.

Главниот турнир во двете конкуренции на Грен слемот во Њујорк почнува во понеделник (28 август) и ќе трае до 10 септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ испрати порака по инцидентот во Загреб (Фото)

Жителите на Загреб во петокот беа шокирани од злосторството во Основното училиште Пречко. …