Клаудио Раниери неодамна се врати во Премиер лигата на клупата на Фулам каде што го наследи Србинот Славиша Јокановиќ, кој имаше разочарувачки резултати од почетокот на сезоната.
Фулам се наоѓа на последната позиција на табелата и на италијанскиот стратег му претстои тешка борба за опстанок. Откако Раниери потпиша договор со Фулам беше објавено дека ќе добие премија од еден милион евра доколку успее да ги задржи помеѓу најдобрите во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, тој откри дека после секој натпревар без примен гол ќе ги носи играчите во „Мекдоналдс“.
„Какво ветување дадов во случај да не примиме гол? Пица парче не е доволно, после секој натпревар без примен гол ќе одиме во Мекдоналдс“, изјави Италијанецот алудриајќи на шампионската сезона од Лестер кога играчите имаа бесплатна пица после секој натпревар без примен гол.