Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник посочи дека скоро невозможно е „црвените ѓаволи“ оваа сезона да завршат во Топ 4.
Сепак, Германецот верува дека Манчестер Јунајтед е атрактивен клуб за најдобрите фудбалери на светот дури и без пласман во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секако, би било подобро ако игравме Лига на шампиони следната сезона, но тоа не е проблем само на Манчестер јунајтед, туку на многу клубови. Тоа што Бруно Фернандеш го продолжи договорот покажува дека ние сме атрактивен клуб со нов менаџер и нов приод кон фудбалот“.
„Со нетрпение очекувам да му помогнам на Тен Хаг да го промени пристапот следната сезона, па Манчестер Јунајтед повторно да стане врвен клуб“, изјави Рангник.