Дома Фудбал Рамос спремен да потпише, но има еден услов за Перез

Рамос спремен да потпише, но има еден услов за Перез

Сагата околу иднината на Серхио Рамос во Реал Мадрид се уште трае, а капитенот му поставил услов на претседателот за да стави потпис на нов договор.

Договорот на Рамос со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, а двете страни не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Шпанските медиуми пренесуваат дека Рамос е спремен да прифати помала плата. Тој лично имал разговор со претседателот Перез и ги изнел своите услови.

Шпанскиот медиум пишува дека Рамос побарал двегодишен договор од Перез и подготвен е да прифати и помала плата доколку му ја исполнат желбата.

„Имам 34 години, но се чувствувам како да сум на 28. Во форма сум како пред 10 години и можам да играм уште неколку врвни сезони. Сакам да настапам и на Светското првенство во 2026 година и така да станам единствен фудбалер во историјата кој настапил на шест Мундијали“, вели Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лука Модриќ ја скрати својата коса: Погледнете ја новата фризура (Видео)

Фудбалерот на Милан се шишаше пред натпреварот меѓу Хрватска и Фарски Острови, доверувајќи…